Да се доживее стоти роденден е реткост, но да се прослави 104. роденден во добро здравје, со бистар ум и чиста мисла е привилегија. Таква е баба Стојанка Добреска која секоја година на Свети Трифун ги собира околу себе најблиските и со чаша вино и многу позитивна енергија го слави животот.
Годинава, поради корона пандемијата, забавата ќе биде само со најблиските. Роденденските реквизити беа купени уште викендов, а за во недела нарачана е и тортата со 104 свеќички.
-И порано имаше сипаници, туберкулоза, заушки, ги имаше сите болести што ги има и сега низ годините, ама вакво нешто не паметам! Болест да нè затвори дома, да се плашиме еден од друг, да се криеме од роднини и пријатели, никогаш немало, вели баба Стојанка.
И покрај сите убави и помалку убави животни драми што ги има поминато, таа нема намера да се предаде. Сè уште работи со елан на кој и младите можат да и позавида