Баба Радица од Кичево ограбена и тоа на 100 метри од полициската станица

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 793 Views

72 годишната Радица Станкоска од Кичево во понеделникот беше мета на крадци. Таа живее сама а боледува од многу болести. Иако живее во лоши услови, крадците и го земаа и последното богатство што го поседуваше. Златно ланче со плочка со буквата М, како што раскажува таа.

Нејзината куќа е 100 метри од кичевската полициска станица, но како што изгледа тоа не претставувало проблем за крадците.

Во 13 часот старицата била сама во својот дом кога и се доближил некој кој и понудил помош да носи дрвја, но откако старицата одбила, тој кажал дека е жеден и дека сака да се напие вода. Старицата му дозволила без да знае дека ќе биде измамена.

Но грабежот не завршил со толку. По два дена, како што вели Радица, околу 16 часот во нејзината куќа дошло истото лице заедно со сестра му за да и ги земат обетките од уши.

Таа беше исплашена и тажна бидејќи за три дена два пати и влегле дома за да и ги украдат и тие малку вредни предмети што ги има. ТВ21 контактираше со СВР Охрид, од таму го потврдија случајот и ни рекоа дека се преземаат потребните мерки за наоѓање на сторителите.

„Ве известуваме дека на 08.02.2021 година во 13,40 часот, Р.С.(72) од Кичево, во полициската станица пријави дека едно лице околу 13 часот дошло во нејзиниот дом со објаснување дека бил пратен да и помогне околу подигнување на огревни дрва. Откако влегол во куќата, тој искористил згодна прилика и и одзел златно ланче со привезок, по што веднаш избегал“, велат од СВР Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.