Аца Лукас ги извиси македонските фанови – ова нема да му го заборават

  • By admin
  • август 14, 2022
  • 0
  • 395 Views

Периодов ширум локалите, дискотеките и плоштадите во Македонија има голем број музички гости од балканските простори.

Ова веќе стана и традиција па српските, босански и хрватските пејачи и пејачки најдоа плодно тло па на македонскиот пазар добро котираат.

Теа Таировиќ, Аца Пејовиќ, Цеца, Жељко Самарџиќ, Ана Николиќ, Милица Павловиќ, Војаж, Јелена Розга, Рада Манојловиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша се само дел од имињата кои продефилираа летово низ Македонија.

Едноставно публиката ги сака овие изведувачи, а газдите на локалите го носат она што е барано и што им носи заработка.

Еден од почестите гости во локалите низ Македонија е и српскиот пејач Александар Вуксановиќ или познат како Аца Лукас.

Имено Аца Лукас како главна ѕвезда на вечерта требаше да настапи на 28. авгус на големиот празник Богородица на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Но до тоа нема да дојде откако настапот е откажан, а локалниот сајт каменица.мк информираше за причините кои во најмала рака се непрофесионални.

Поради несериозни обиди за промена на утврдениот термин за одржување на концертот на Аца Лукас од страна на неговиот менаџерски тим и поради фактот што се потврдени два концерти во ист ден, неговиот настап во Македонска Каменица е откажан.

Веќе се работи на ангажман на нови музички ѕвезди кои ќе бидат дел од најголемиот музички настан ова лето. За сите новоангажирани имиња благовремено ќе ве известиме.

Ваквиот однос, односно со тоа што ја извиси македонската публика нема да му го заборави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.