Познатата македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова во последен период е активна и како водителка и тоа во хумана акција.
Како што е познато таа е дел од Проект Среќа, а пред некој ден таа сподели:
Бидејќи постојано ни пишувате, уште еднаш да ги кажеме правилата за пријава во Проект Куќа.
За да се пријавите и евентуално да бидете избрани за реконструкција на дом треба:
– семејство во социјален риз ик со малолетни деца
– функционални семејства кои сакаат да работат, не одбиваат работа, и не се навикнати да живеат од донации
– можете да видете од било кој дел од Македонија
– домот е најдобро да е стан, или куќа која не е во степен на распаѓање, бидејќи немаме ниту доволно донатори за да се нафатиме на тешки проекти ниту доволно време (такви реконтрукции траат и по два месеци, а ние немаме толку време, бидејќи имаме многу домови за реновирање)
– ако се пронаоѓате во ова, пишете ни ја вашата приказна во порака, со генералии за секој член од семејството, квадратура на домот,слики од домот и семејството.
– лица кои се познати на хуманитарните организации како манипуланти или кои не сакаат да работат и живеат само од донации нема да бидат земени во обзир.
Ше рувајте го ова за да се пријават вистинските луѓе и семејства.
Денес пак Арнаудова сподели уште една убава вест:
Другари, неделава конечно го предаваме новиот дом на баба Милица и нејзините три внуци. Не сум кажала до сега, но тие пред две години останале без мајката која почи нала, а таткото потоа ги напуштил.
Немале многу причини да се радуваат. живееја во многу лоши услови. Наскоро тоа ќе биде само минато за нив. Се трудам не само да им направиме нов дом туку и нов почеток.
Машките се 16 и 18 години а малата 10 години…. Знам дека желба им е на машките да имаат play station. Но таква донација немаме и не би можела да најдам моментално. Дали има некој од вас кој можеби би сакал да им подари play station?