Владата на Заев доби доверба од сите 62 пратеника колку што и брои вкупното парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, само два часа откако претходно тоа од пратенциите усно го побара самиот Заев.
Гласањето за доверба беше без претходна расправа, бидејќи премиерот се повика на член од деловникот кој предвидува пратениците да се изјаснат без да се расправа.
Со оглед на тоа што опозицијата го напушти парламентот – гласањето помина без против или воздржани, а Заев доби и аплауз од присутните пратеници.
Пред гласањето Премиерот истакна дека одлучил да побара галасање доверба за да се разјасни дали станува збор за стабилна власт или разнишана опозиција.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на оргинален начин повторно ја прокоментира оваа ситуација и на својот профил на фејсбук напиша:
Изгласаа ли ДОВЕРБА на Влада, бе? Не глеав. На сервис бев со Алфата