Александра за животот со милијардер: Од рај до чувство дека ќе ме снема

  • By klaster2
  • март 1, 2022
  • 0
  • 458 Views

Александра Толстој мислела дека живее во бајка кога во 2008 година се заљубила во, како што вели, „човекот за кој сонувала цел живот“. И тогаш, многу брзо, нејзиниот живот стана кош мар.

„ Имаме двајца возачи, две чистачки, една дадилка по англиски и руска, како и наставник по француски јазик кој ги пишува домашните задачи со децата. „Се преселивме овде штом го родив првото бебе и купивме куќа“, изјави Александра за Би-Би-Си.

Александра инаку имала англиско државјанство и титула гро фица. Детството го поминала живеејќи во изобилство. Нејзиниот татко бил далечен братучед на Лав Толстој и таа посетувала елитни британски интернати пред да почне да работи како брокер.

Таа брзо ја напуштила таа работа и започнала туристички бизнис. Во тој период, таа го истражувала поранешниот Советски Сојуз, Туркменистан, Киргистан и се омажила за сиромашен човек кој јавал коњи. Бракот не траел долго.

Додека таа едвај преживувала со својот сопруг, во нејзиниот живот се појавил милијардерот Сергеј Пугачов. Тие се запознале откако неговите луѓе ја ангажирале да го учи англиски.

“Кога го запознав Сергеј, почувствував топлина. Толку многу се заљубив во него. Беше многу романтично, никогаш не почувствував таква врска со некого”, вели таа.

За една година го родила своето прво дете и живееле на релација Москва-Лондон-Париз. Имала приватен авион, неограничени средства, но паралелно со сето тоа кај нејзиниот сопруг работите се менувале во Русија.

Самиот Пугачов собрал богатство од 15 милијарди долари во постсоветска Русија. Како што самиот кажа, бил многу близок со Путин, постојано оделе заедно на одмор, а поради кредитите кои ги давал на руската влада го добил прекарот „банкарот на Путин“.

Поради парите, Пугачов влегол во многу проблематични односи со руски функционери, а како што рекол – му се закан увале дека ќе ги преселат на другиот свет и него и неговото семејството.

Александра живеела во неизвесност за себе и за децата, семејството се криело и знаеле да ги следат каде и да стигнат. До 2016 година, односите со нејзиниот сопруг веќе беа затегнати поради прити сок.

Кога Пугачов ги замолил сите трајно да се преселат во Франција заедно со нивните три деца, него го интересирале само парите и одел против волјата на Александра.

„Сергеј тогаш се промени наглов. Ги заклучи децата во собата, ги одвои од мене, а мојот пасош и детските патни исправи ги заклучи во својот сеф, знаев дека не сме безбедни“, рече таа.

Во пролетта 2016 година, таа и нејзините деца успеале да го напуштат замокот каде што живееле и повеќе не се вратиле. Од тој момент, Александра вели дека и таа и децата биле целосно финансиски отсечени од него.

„Некои ме гледаат и велат – вашиот живот е лесен, имате среќни деца кои се толку привилегирани. Најпривилегираното воспитување е да живеете во безбедно и среќно семејство за кое знаете дека е обединето“, вели таа со солзи во нејзините очи.

Пугачов денес живее сам во својот француски замок и, како што вели, ги троши последните 70 милиони долари што му останале.

Александра поголемиот дел од времето го поминува со своите деца во нејзиниот дом во Оксфордшир. Децата не го виделе својот татко од 2016 година.

Ќе им кажам дека мора да ја реши ситуацијата во која се наоѓа, а можеби кога ќе пораснат сами да го бараат“, вели таа.

„ Всушност, сега ги мра зам сите тие работи поврзани со Сергеј. Тие се поврзани со животот кој не ми се допадна. Цел живот го имам пред мене. Можам да се вратам на работите што ги сакам.

,, Сергеј мислеше дека ќе бидам толку оча јна и дека ќе останам со него и неговите пари, дека ќе го следам. Всушност, поминав низ тоа. Имав сила да му се спротиставам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.