Адријана Алачки емотивно – Целиот мој живот се промени

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 2191 Views

Познатата македонска пејачка, а сега водителка Адријана Алачки на својот профил на фејсбук сподели два емотивни статуси:

Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите нишани. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице.

Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот. Многу те сака мама!Среќо моја, гордост моја!

Алачки претходно во друг статус напиша:

Среќен роденден сонце мајкино.На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував.

Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете, едноставно само тоа ти е важно.

Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете. Tоа дете има дете, семејство свое,свој човек.

И тогаш мислите се на квадрат, pовторно од почеток и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител.

А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност.

Тоа е мојата Граци, мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.