(ВИДЕО) Фатен жив на лице место како подметнува шумски пожар во Македонска Каменица

  • By admin
  • февруари 23, 2023
  • 0
  • 328 Views

Mалата општина на истокот од нашата држава, Македонска Каменица, односно нивната Територијалната противпожарна единица може да се пофали со нешто кое го немат ниту една друга во Македонија.

Имено во Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица деновиве инсталирана е современа опрема како дел од проектот „Изградба на интегриран систем за откривање и спречување на шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица”.

Истата е поврзана со новоизградена Кула за рана детекција на шумски пожари која е лоцирана во атарот на село Саса.

„Изградба на интегриран систем за откривање и спречување на шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица” се реализира преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, односно како партнерство меѓу Општина Невестино, Бугарија и ЈП „Камена Река” Македонска Каменица.

Истата инвестиција веќе е ставена во функција и веќе започна да ги дава првичните резултати.

Имено денес командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, Малин Трајчевски објави видео од безбедносните камери на кулата.

На истото се гледа јасно како лице, говедер, кој што чува говеда подметнува шумски пожар. Засега не е познато дали е откриен идентитето на лицето и дали надлежните преземале мерки.

Во меѓувреме пожарникарите на чело со Малин се излезени на терен и како што објави пред неколку моменти, пожарот е активен, но под контрола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.