Предраг се вратил од Австралија и одлучил да чува кокошки: Таму немаше пари

  • By klaster2
  • декември 8, 2021
  • 0
  • 538 Views

Сегде пројди – дома дојди. По оваа изрека се водел Предраг Гојковиќ, кој по шест години живот во Австралија решил да се врати во селото Барловци кај Бања Лука и да основа фарма за кокоши.

Иако повеќето живеат во кафез, сепак Предраг им дал голема слобода на своите кокоши кој ги има во голем број и му се најголеми пријатели на Гојковиќ.

Тој пола век го поминал во градот и во други држави, но како што вели овде си го остварил детскиот сон, каде на овој мини ранч направил куќа и одгледува кокоши.

Вели дека не се двоумел што купил карта за Австралија во еден правец, но како што вели, од дома поубаво нема и родниот крај го приврзувал.

– Да се разбереме не беше лошо во Австралија се до пред три години, кога започна економска кри за, имаш притисок од работата, и недостаток на пари…

– Па така се одлучив да се вратам овде, слободата што ја има овде ја нема никаде на друго место, вели Пеџа пред камерите на ,,Нова БХ”

– Колку толку ми помагаат и моите два сина, секако во зависност од обврските, но нешто ако го работиш со љубов и разбирање ќе ти се исплати, но доколку е спортивното и на сила работиш од тоа нема фајде, додава Предраг.

– Најздраво и најубаво е кога јајцето се испие живо, отколку да го пржите, варите и слично, кога е свежо ги задржуава сите свои својства и убавини.

– Кога и дадојдете кај мене на гости, и колку и да нема за јадење, сепак јајца има и ќе ви приготвам, барем некоја кајгана, вели смеејќи се Гојковиќ.

– Човекот се учи додека е жив, и јас незнам многу работи за кокошките па полека ги учам, се надевам кон ова мое мало царство во следниот период ќе додадам и по некоја коза или крава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.