Ќе останат ли многумина без ајвар годинава: Цените се арни, ама џабе кога нема род

  • By admin
  • септември 28, 2021
  • 0
  • 1547 Views

Се наоѓаме во есен, период кога традиционално многу македонски семејства подготвуваат зимница.

А главно на менито кога ќе се спомне зимница е ајварот без кој многу наши семејства не може да се замислат на трпезата.

Но оваа година многумина можеби ќе останата без ајвар или пак ќе направат во помали количините, а причините се јасни.

Долгиот сушен период и тропските температури речиси го преполовија родот на популарната ајварка во струмичко.

Земјоделците велат годинава откупот тече непречно, цената е стабилна, но проблем се количините и квалитетот што ги добивале. Од истите површини што ги имале посадено и лани, оваа година добиле двојно помал род, пренесува Сител ТВ.

„Род нема. Нема пипер, џабе е оти има откуп, многу огин беше, пипер нема. Лани ако си собрал 30 тони оваа година ќе собереш 15, на половина. Цените се арни, ама џабе кога нема род па не вреди.,, вели Ванчо Делев- земјоделец.

Дека нема доволно ајварка потврдуваат и откупувачите. Поради недостатокот на количини веќе доцнеле со роковите за испорака кон нивните партнери.

,, Ние имаме испорачано од тоа што е договорено 50%. И тенденцијата на она што го има на теренот, од она што сметавме дека ќе го испорачаме 50 до 60% ако исполниме ќе бидеме задоволни.

Голема данок ова лето зеде жешкото време, летото до 45 – 50 степени родот се преполови и во пластеничкото производство и на тоа што е посадено на отворено, квалитетот е многу по лош и сето тоа доведе до тие количини што секој индивидуално ги очекувал дека че ги набере сега е преполовено.,, вели Блажо Витанов- откупувач.

Дел од струмичката ајварка годинава е наменета за домашните преработувачки капацитети, дел традиционално се извезува на пазарите од поранешните југословенски простори, еден дел оди на пазарите во ЕУ.

Целата сторија со видео прилог може да ја проседите на Сител Тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.