Ѓорѓи од струмичко е еден од ретките млади земјоделци: Може и тука да се живее добро

  • By admin
  • јуни 6, 2021
  • 0
  • 4712 Views

Ѓорѓи Велков е еден од ретките млади земјоделци во Струмичко кој одлучи егзистенцијата да ја гледа во агросекторот.

Наполни 29 години, а веќе три години одгледува јагоди во населеното место Габрово. Има засеано околу половина хектар на отворено и тврди дека има интерес од трговците, иако како што вели, во одреден период цената знае драстично да осцилира.

„Јас имав еден пластеник околу пола декар, добро поминавме со него. Цената беше добра околу 120 денари килограм, но сега годинава со одгледување на отворено има пад на цените.

„Тоа се должи на потрошувачката, демек немало интерес и не знам што друго. Сега цената почнува повторно да се зголемува, но пола тонажа отиде на пола цена, по околу 70 денари, а тоа е ниска цена за овој производ оти има многу работа“, вели Велков за Телевизија 24.

Велков нема досега аплицирано за било каква државна поддршка, но веќе планира. Раз очаран е што нема свои врсници да разменува искуства и знаење, ниту пак да најде работна рака за берба на јагодите.

„Повеќето се иселени, на пола што се тука не им се работи, кога ќе им кажеш дека треба јагоди да береш, се плашат.

Сакам да и препорачам дека и тука може да се живее добро, само што неќат да работа. Сите сакат печалба, кој на дека видее. Може да се живее само треба по професионално, поубаво да се изведе да дојде до добра количина.

Дека во Габрово ретки се младите земјоделци потврдува и Верица Христова. Таа доаѓа на плантажата на Велков и работи, но смета дека клучни се откупните цени за да напредува земјоделството во Струмичко.

Откупот на јагодите во Струмичко се реализира по пазарите. Цените за килограм се движи околу 60 денари, што е на половина во однос на истиот период од минатата година.

Велков најави проширување на своите плантажи и ќе се обиде да го модернизира производството.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевизија 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.