(ФОТО) Татјана и Новица во далечната Австралија прославија голем јубилеј – честитките се нижеа

  • By klaster3
  • мај 3, 2022
  • 0
  • 464 Views

Далечната Австралија е континентот каде живеат многу македонски иселеници, меѓу кои и познати естрадни ликови како брачната фолк-двојка, пејачите Татјана Лазаревски и Новица Василевски.

Познато е дека веќе 7 години живеат во Мелбурн заедно со двајцата синови, Петар и Стефан. Се преселија на симболичен датум, на Водици во 2015 година, а по пет години си купија своја куќа.

Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.

– Одлуката падна кога почувствувавме дека во поглед на музиката направивме се што може да се направи во Македонија и без некоја конкретна причина решивме да заминеме – истакна Татјана во една прилика.

Сега, број еден избор се кога станува збор за настапи и македонски свадби ширум Австралија, а за тоа сведочат споделените фотографии и видеа.

Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски важат за еден од најскладните парови на сцената. За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.

– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети таа.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осуд ено на љубов“, искоментира таа.

Пејачката е активна на социјалните мрежи преку кои редовно ги известува следбениците и пријателите како го поминува времето или пак споделува атмосфери од некоја прослава, забава.

Не поминува роденден, свадба, некој настап, а да не е споделен со пријателите. Така и ова утро кога Татјана ги извести своите пријатели дека денес им е годишнина.

Имено, парот слави 19 годишнина од свадба, и по тој повод Татјана сподели неколку фотографии од нив двајца од денот на свадбата и напиша:

„03.05.2003 Новица Василевски, НАШАТА СВАДБА, ДА НИЕ СЕ МНОЖАТ ГОДИНИТЕ ВО ЉУБОВ И СЛОГА. Среќна 19та годишнина“, а честитките од секунда во секунда им се множат на објавите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.