(ФОТО) Стојанче Ангелов покажа каква роденденска торта му подготви сопругата Јасминка

  • By admin
  • септември 15, 2021
  • 0
  • 2315 Views

Стојанче Ангелов важи за личност од јавниот живот која знае често да привлече внимание. Тоја е актуелен директор на ЦУК каде што летово имаше доста обврски.

Нивните блиски за нив често знаат да кажат – Се стркалало лончето, си го нашло капачето. Јасминка и Стојанче Ангелови, познати како брачни сопружници и бор ци за правичност, се пар кој зад себе има многу бури, но и како што велат, љубов посилна од се.

Живеат хармоничен живот исполнет со љубов и разбирање и се горди родители на четири деца. И двајцата имаат по една ќерка од претходните бракови, но и ќерка и син кои ги добиле заедно.

-Најпрвин остваривме директна комуникација на една задача кога јас како полициски оперативец опсервирав едно лице и Стојанче ми беше одреден како човек кој требаше да ме придружува и да ми помогне во апсење на истото.

Го познавав само по видување, изјави своевремено Јасминка во интервју за Фокус и притоа додаде:

Беше директен и ме поздрави со зборовите „Конечно да се запознаеме најубава колешке“. Јас го прифатив како комплимент и му реков да не се шегува пред акцијата која беше многу важна за мене. Тој остана сериозен.

Денес Стојанче има причина да слави, а тоа е неговиот роденден и по ова се огласи на фејсбук каде што напиша:

Добри луѓе, Ви благодарам на безбројте роденденски честитки и убави желби на кои е невозможно да одговорам единечно.

Да сте живи и здрави сите, да бидете среќни и да дочекате мнооогу ваши родендени.

Вечерва, токму на мојот роденден, од 22.30 часот, на ТВ Алфа може да ја погледате вербалната бо рба која ќе ја водам со двајцата, ос три на јазик, водители од “Заспиј ако можеш”.

Потоа сподели и фотка од роденденската торта со своите блиски и напиша:

Роденденска торта со мојата сопруга Јасминка и моите чеда Каролина, Сара и Марко. Да нема недоразбирања, бројот е 49.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.