(ФОТО) Полна куќа со гости и музика – Татјана и Новица ги угостија во Мелбурн нашите познати музичари

  • By klaster3
  • октомври 18, 2022
  • 0
  • 351 Views

Татјана Лазаревска, eдна од нашите најпопуларни фолк пејачки, заедно со своето семејство, сопругот Новица Василевски и двата сина повеќе од пет години живее во Австралија каде што си купија и куќа.

Кога станува збор за развеселување на Македонците во Австралија, Татјана и Новица се прв избор за секаков вид свечености – приватни забави, родендени, свадби, прослави. Забавата со нив секогаш е загарантирана

-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.

-Со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

Татјана и Новица важат за една од најкомпактните двојки на естрадата, вистински доказ дека партнер од иста професија и тоа како може да биде предност, а не мана. Музиката ги спои и сѐ уште изгледаат вљубено како на почетокот на нивната врска.

Неодамна тие прославија јубилеј од 22 години заеднички живот, а си посакаа годините да им се множат во љубов и слога.

Татјана е доста активна на социјалните мрежи, па не поминува настап, роденден, прослава, а да не сподели некој дел со нејзините фанови.

Како што е познато македонските музичари од групата „Анета и Молика“ веќе ја започнаа својата австралиска турнеја, па покрај настапите имаат ис слободно време да прошетаат и да се видат со наши луѓе таму.

Па така, тие го искористија периодот за да отидат на гости кај Татјана Лазаревска и Новица, па од она што може да се забележи на социјалните мрежи убаво се угостени – со многу среќа, смеи, музика и убаво поминато време.

Колешките и добри пријателки Татјана и Анета го овековечија моментот со заеднички фотографии кои ги споделија на Фејсбук профилот.

Какво прекрасно дружење со „Анета и Молика“ во нашиот дом во Мелбурн…Полна куќа со спомени и музика.. Сите уживавме..Ви благодариме „Молика“, сподели Лазаревска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.