(ФОТО) Оливер Спасовски во друштво на македонски пејачи и водители

  • By klaster3
  • мај 16, 2022
  • 0
  • 442 Views

Викендов во Измир, Турција се одржа концерт на фолклорни ансамбли во рамки на Фестивалот Македонија, во организација на македонските здруженија и збратимените општини Чашка и Чили.

Присутни на настанот, покрај водителите Адријана Алачки, Ирена Спировска и Благоја Груевски, беа и претставници на македонска делегација, меѓу кои и министерот Оливер Спасовски.

Според претходните најави, се подготвува нова емисија на Везилка заедно со нашинците во Измир и Маниса, но истовремено ќе се одржи и манифестација во која Елена Велевска, Благоја Грујовски и Стефче Стојковски ќе ги забавуваат Македонците.

„Нашата експедиција ќе биде составена од претставници на владата, на бизнис заедницата,на општините Чашка, Струмица и Маврово-Ростуше, пратеници, фолклорни групи и естрадни уметници.

Делегација на општина Чили, престојуваше во Македонија при што во владата имаше работна средба со македонскиот тим за организација на настанот“, сподели Грујовски.

Од споделените фотографии и снимки се гледа дека со македонските естрадни уметници забавата секаде е загарантирана. Многубројната публика во еден глас пееше заедно со Елена Велевска која пееше песни на турски јазик.

Министерот Оливер Спасовски своевремено ја известуваше јавноста за неговите посети во Измир каде што се сретна со првите луѓе на општините, но и со претставници на македонски здруженија.

„На средба со македонските здруженија во Измир, Турција, кои ме информираа за нивните активности со цел зачувување и промовирање на македонската култура, изразив благодарност за нивниот придонес во негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик, автентичната македонска култура, традиции и обичаи,

Како и силна поддршка за нивните заложби, со увереност за понатамошно унапредување на соработката, особено во спроведување на правата на сите наши над 600.000 исселеници, кои се жители на Измир и соседните општини уште од далечните педесетти години.

Вечерва, заедно со македонската делегација имавме прилика да присуствуваме на концертот на фолклорни ансамбли во рамки на Фестивалот Македонија, во организација на македонските здруженија и збратимените општини Чашка и Чили.

Имав чест да се обратам пред присутните, со честитки до организаторите, уште еднаш потврдувајќи го традиционалното македонско-турско пријателство“, стои во објавата на Спасовски.

Македонските естрадни уметници и водители не ја испуштиле приликата за да се фотографираат со министерот, па Елена сподели заедничка фотографија и напиша: Браќа и сестри Македонци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.