(ФОТО) Новата работна канцеларија на Заев, актовка зад него – дигитрон пред него

  • By admin
  • февруари 9, 2022
  • 0
  • 500 Views

Зоран Заев нема време премногу за одмор откако се повлече од премиерската фунцкија како и онаа претседател на СДСМ.

Тој беше премиер на Македонија од 31 август 2020 година до 16 јануари 2022 година, а претходно од 1 јуни 2017 година до 3 јануари 2020 година.

Од 2005 до 2016 година беше градоначалник на општина Струмица, а претходно, од 2003 година бил пратеник во Собранието.

По заминувањето на Бранко Црвенковски, Заев стана претседател на СДСМ во 2013 година па се до минатата година.

Заев ретко се појавува во јавноста откако се повлече а и на социјалните мрежи неговата активност е сведен на миниму.

Новинарот Саше Ивановски – Политико објави текст со фотографија од поранешниот премиер Зоран Заев и напиша дека ова е новата канцеларија на Заев, а во описто кажа:

„Нема луксузни маси од махагони, нема кожни фотељи со нитни, нема сваровски лустери, нема позлатени слики, нема паркет од храст, Заев се куртули од барокниот луксуз од владата и сега е во некоја од фирмите на Заеви каде очигледно нема многу простор за луксуз, обични зелени маси, обичен ламинат, венецијар ролетни и обични слики што се нарачуваат на интернет за 50 евра.

Такви се Заеви, скромни, вредни, народни, хумани а толку многу способни и знаат да направат пари притоа никого да не оштетат и мирно да спијат, тоа е шармот на оваа прекрасна фамилија. Заев сега пак ќе треба да си купи нови телефони

За да ги впише новите контакти со кои секој ден ќе се слуша, нема да им врти на Меркел, Макрон, Руте, Борис Џонсон, Трудо или Камала Харис туку ќе се слуша редовно со вработените на Мамас кои по светски саеми ќе го промовираат ајварот и лутеницата која се продава како македонски кавијар ширум светот.

Од она што на многумина веднаш и паѓа на око од фотката е дигитронот на маса, како и актовката позадина неговиот грб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.