(ФОТО) Момче на Прешево ги повикал граничарите настрана: Мора да пренесам нешто, но да молчите

  • By klaster3
  • јули 9, 2022
  • 0
  • 577 Views

Традиционално, како и секоја година, омилена дестинација за летен одмор како на Македонците, така и на Србите е секако Грција.

Од ден на ден се поголема е фрекфенцијата на патници низ нашата држава, но и на граничните премини кои водат кон нашиот јужен сосед. Покрај намерата за летен одмор, од соседна Србија објавија доста интересна сторија која се случила неодамна.

На Инстаграм профилот на Царинската управа на Република Србија, кој го следат речиси 40 илјади луѓе, секојдневно може да се видат улови кои не им избегале на будното око на српските цариници.

Меѓутоа, овојпат тие се најдоа во центарот на вниманието не поради запл ената на нешто, туку поради благороден чин достоен за аплауз.

Имено, тие вчера со своите следбеници споделија романтична ситуација која се случи неодамна, а која ја воодушеви јавноста. Тие беа споредни актери на запросување, каде што младоженецот размислувал за секој детал, па дури и за самото минување на границата.

Сторијата од Инстаграм профилот на Царинската управа на Република Србија ја пренесуваме во целост:

„Меѓу бројните приказни од границата, мора да се признае, најретки се романтичните.. Но, тоа се случи кога еден млад човек побара совет од нас како да земе скап прстен со кој сака да ја запроси девојката на одмор.

Сите знаете дека вредните предмети мора да се пријават, ако не сакате да се најдете во непријатна ситуација да ви бидат одземени поради непријавување и затоа добро направил што навреме се распраша.

За да не забележи девојката дека нешто чудно се случува, ги замоливме колегите на Прешевскиот премин да подготват се што е потребно за постапката да трае што пократко.

Се тргнало според планот, девојката не се посомневала во ништо и само ден подоцна – младиот не извести дека кажала ДА!

Ни беше драго што можевме да помогнеме, а на свршената двојка им посакуваме многу среќа и љубов“, стои во објавата на Инстаграм на фотографијата на верената двојка.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.