Една од најшармантните и најзгодни тв лица во Македонија, Милена Антовска Станковска по пауза од околу година дена повторно имаме можност да ја гледаме на малите екрани.
Својата кариера на малите екрани Милена Антовска ја гради на Канал 5 ТВ, пред се во утринската програма каде што гледачите најмногу ја препознаваат.
ТВ водителката Милена Антовска не само со својата позитивна енергија рано наутро пред камерите на утринската програма, туку и со својот изглед успева да ги расони гледачите и да им го привлече вниманието.
За познатата ТВ-водителка Милена Антовска Станковска 2022 година почна на најубав начин. Милена на големиот празник Василица годинава го доби најубавиот подарок – стана мајка по вторпат и на свет ја донесе ќерката Јоана.
– Се повлеков целосно од ангажманите во телевизија, но тоа е сега привремено заради бременоста и ситуацијaта со Ков ид 19. Не сакам да ри зикувам и секако не сакаат ниту моите претпоставени кои имаат големо разбирање за мене целиот овој период.
Инаку не ми е многу лесно што не работам сега, затоа што сум навикната да имам многу обврски и работам од мојата 22-ра година, изјави Милена во една прилика за Женски магазин.
Водителката Милена Антовска- Станковска од Канал 5 е омилена кај глеачите и поради својата спонтаност пред Тв камерите.
Таа едноставно ја носи ѕвездата на успешноста во себе. На прсти можат да се избројат кај нас јавните личности од овој калибар.
За нејзиниот изглед и модните комбинации во кои се појавува се пишува доста, но таа секогаш знае да се појави во некоја интересна и впечатлива комбинација која заслужува внимание.
Таа е често активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде често споделува фотографи, па така беше и овојпат кога од повторното враќање на работа се огласи од студиото:
Како да не поминала една година.Имав навистина убаво утро и топло добредојде од моите гледачи.
Додека не влегов во студио всушност не бев ни свесна дека ова ми недостасувало.Се гледаме следната недела.