(ФОТО) Македонската Русинка – пејачката Викторија Лоба со јасна порака за случувањат со Украина

  • By admin
  • февруари 26, 2022
  • 0
  • 622 Views

Веќе неколку дена целокупната светска јавност, секако тука мислиме и на македонската е насочена кон случувањата на истокот од Европа.

Поточно на дејствијата на Русија на територија на Украина, тема кој што и тоа како е следена и коментирана.

Кога станува збор за познати Руси во Македонија, тука секако мислиме на пејачката Викторија Лоба која е родум од Русија.

Како што е познато Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година.

Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје. Таа е присутна на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст.

Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсова и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12. место.

Во 2004 година, таа освои 1 награда, и беше наградена со Златна диплома за естраден пејач во сениорската група на Меѓународниот фестивал “Роза на ветрови” (Роза Ветров), кој се одржа во Москва-Русија.

Од 2008 до 2010 Викторија беше фронтмен и пејач на македонската група “Тумбао салса бенд”, која свири бразилска, португалска и кубанската музика, и во исто време таа беше постојано присутна на телевизиските екрани со музичкото шоу “Котон клуб” на Алфа телевизија како член на “Тумбао салса бенд”.

Во 2010 година Викторија го завршува Државно музичко училиште (ДМБУЦ) „Иљја Николовски Луј“ во Скопје, Македонија, насока – соло пеење.

Итата година на најпозната манифестацијата “Златна бубамара на популарноста”, ја наградува Викторија Лоба со “Откритие на годината”.

Викторија има искуство и како глумица. Во 2007 година таа ја играше главната улога во драмата Лолита од Набоков, во македонскиот драмски театар.

Исто така, таа често се појавува во телевизиски реклами, како што се ТВ реклама за компанијата, но и кампании на владата.

Лоба на својот инстаграм профил во опцијата стори сподели емотивно видеа кое има јасна порака што мисли за цела ситуација. Имено две дечиња, од Русија и од Украина се гушкаат и се смеат и со тоа покажуваат дека овие два народи се братски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.