(ФОТО) Македонската армија мобилизирана и веќе на терен – уште 1000 припадници на готовност

  • By admin
  • август 3, 2021
  • 0
  • 2803 Views

Според последните информации пожарот во атарот на кочанските планински села Костин Дол и Ново Село сè уште не изгаснат, но веќе се става под контрола со поддршка од армиските хеликоптери.

Истиот зафати површина од неколку десетици хектари со дабова и букова шума и нискостеблеста вегетација, а во гаснењето се ангажирани над стотина лица.

-Во локализирањето на огнот се вклучени 80 армиски припадници и дваесетина пожарникари, како и вработени во Дирекцијата за заштита и спасување и во јавното претпријатие „Национални шуми“, а помага и месно население.

Ангажирани се и армиски хеликоптери кои значително помогнаа огнот да се стави под контрола од три страни, а останува да се локализираат пламените јазици од северната страна.

Ако временските услови бидат поволни, без силен ветер, очекувам до крајот на денот пожарот целосно да го исконтролираме и да биде, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Екипи од ТППЕ и понатаму се дежурни на опожарениот терен околу Кочани и кон селата Бели и Нивичани и ги контролираат местата каде што сè уште има чадење, за да се избегне евентуално ново разгорување поради ветерот.

Од фотографиите до кои што дојдовме може да се забележи дека армијата постојано е во движење и се размесува во споменатите две планински села и неуморно се локализира.

Од македонската армија попладнево преку својот профил на фејсбук објавија:

Припадниците на Армијата во координација со сите инволвирани субјекти со координиран и насочен ангажман учествуваат во гасењето на пожарите со ангажирање на потребен број на персонал и средства.

Во доцните вечерни часови армиските припадници се вклучија во гаснењето на пожарот кај Кочани , додека хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде исфрлија повеќе од 50 тони вода.

Од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, при што од раните утрински часови два хеликоптери непрекинато учествуваат во гасењето на пожарот и ставање под контрола.

Во целосна подготвеност за ангажирање се ставени уште илјада припадници на Армијата кои во случај на укажана потреба ќе бидат ангажирани во истиот момент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.