Драгана Мирковиќ долги години важи за една од најпопуларните пејачки, а нејзиното признание дека никогаш не сакала да се занимава со музика ги изненади сите.
– Никогаш не сакав да пеам, имав други соништа. Сонував да завршам факултет, да учам англиски и да бидам туристички водич за да патувам низ светот.
– Од досада пеев на училишни приредби, а во Белград некои слушнаа дека има мала Драгана од селото која е чу до од дете. Имав неполни 14 години кога дојдоа кај мене дома – изјавила Драгана во една прилика.
Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ повеќе од две децении ужива во хармоничен брак со Тони Бијелиќ, но австрискиот бизнисмен сепак не пропушта прилика да и ја покаже својата љубов.
Имено, Тони особено ja израдувал естрадната дива Драган на 8 март, подарувајќи и автомобил во вредност 400.000 евра.
– Тони организираше се во најголема тај ност. Автомобилот беше донесена во гаражата, украсена со машнички, а масата со шампањ и слатки беше подготвена.
Драгана остана со пододвотрена уста кога дојде и виде колку се труди да ја израдува – изјави извор за Телеграф.рс близок до фолк ѕвездата.
Дека морал сериозно да се потруди говори и тоа што и купил „Мајбах С 680“ на Мирковиќ, за кој веќе има двегодишна листа на чекање во светот.
Но, како сопственик на фабриката за модели „Мајбах Купе“, Бијелиќ успеа да стигне до врвот на листата, па Драгана го доби еден од првите произведени модели.
Автомобилот што ќе може да се вози од денес доаѓа со целосно најнови технички иновации, целата внатрешност е во бела кожа, а клучевите се во боја на злато.
Драгана на социјалните мрежи се пофали со својот скапоцен подарок: Подарок за 8 март. Фала ти љубов – Драгана го сподели својот одушевување на социјалните мрежи.
Иако со децении живее во Австрија, каде покрај вилата има и замок, пари вложила и во имотот во кој живеат нејзините родители.