Пред пет години, велешанецот Димче Ацков почна да гради еко-куќи на својата земја во близина на Долно Оризари. Нив ги прави исклучиво од природни и рециклирани материјали и без никакви средства.
Пред пет години основачот на еко-селото, Димче започна да гради на свое земјиште во близина на градот Велес користејќи само традиционални методи и без никакви финансиски средства.
Потпирајќи се само на своите вештини и напори, тој пошуми површина од 4 декари и спаси и им даде дом на 5 животни. Тој исто така изградил и куќа за која што користел само рециклирани материјали од околината.
Во неговата приказна се вклучува и Верица Зафирова која во февруари покрена онлајн кампања со која сакаат да соберат пари за да можат да ја купат соседната парцела од 2 хектари за како што вели, да ја заживеат осиромашената почва со засадување дрвја, градење нови земјени куќи и да го вратат разновидниот жив свет.
„Оваа област е наменета да остане во наследство на Македонија и Земјата за идните генерации и заедницата. Местото ги штити традициите што го поддржуваат животот, кои потекнуваат од нашите корени и водат кон холистичка иднина“, стои во онлајн кампањата.
Сега сме двајца и подготвени сме да влеземе во следната фаза. Ние сакаме да купиме парцела од 2 хектари до нашата и да ја заживееме осиромашената почва со засадување дрвја, да спасиме уште најмалку пет животни, да изградиме земјени куќи за нив и да воведеме разновиден живот од растенија и инсекти во областа.
Оваа област е наменета да остане во наследството на Македонија и Земјата за идните генерации и заедницата. Местото ги штити традициите што го поддржуваат животот, кои потекнуваат од нашите корени и водат кон холистичка иднина.
Сакав преку личен пример да покажам дека може да се живее здраво и еколошки чисто – вели Ацков
Своеволно решил да замине, да ги напушти градот и благодатите на современиот свет, удобностите на новото време и да започне нов живот. На прашањето да го прецизира неговиот живот, дали е како тој на Робинзон Крусо, одрично одбива.
„Тој живеел сам затоа што морал, јас затоа што сакав. Јас бев градско урбано дете, не знаев мотика да држам, како се одгледува зарзават, но го сменив стилот на животот.
Сам градам куќа, сам одгледувам храна. Сакав преку личен пример да покажам дека може да се живее здраво и еколошки чисто “ – вели Димче, кој има 40 години.
„Живеам како што живееле нашите дедовци, кој за жал следната генерација, поради индустријализацијата го прескокнаа. Заминав поради загадувањето кое го создава поединецот, нечистиот воздух кој го има во градот, нездравата храна, неживата вода за пиење.
Со самото градење на еден современ дом, се загадува околината. Јас куќата ја направив бесплатно, од плитар, земја слама и вода и таа кога еден ден ќе падне, ќе нема никаква ште ета по околината, земја на земја. Струјата најчесто се произведува од јаглен а тоа е ло шо по околината“ – објаснува Димче.