Митко Јанчев, првиот човек на Кавадарци знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.
Јанчев е е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а магистерските студии на истиот ги завршува на отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.
Тој е еден од најуспешните приватни стопанственици кај нас, сопственик на фабриката за производство на вода, „Кожуфчанка“ од Кавадарци.
Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава.
Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани, помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава
Јанчев важи за модерен човек и политичар, кој знае како да го заштити своето семејство од јавноста и ретко кога споделува моменти за својот приватен живот.
Во текот на вчерашниот ден се огласија од Повардарска епархија каде што на својот профил на фејсбук објавија:
-Во предвечерјето на осветувањето на црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, се отслужи Вечерна Богослужба во овој храм, со што започна духовната радост за градот Кавадарци.
Утре со почеток во 08,30 часот Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на архиереи и бројно свештенство на Македонската православна црква ќе го извршат чинот на осветување на Црквата, по што ќе отслужат света Божествена Литургија.
Светата Божествена Литургија ќе можете да ја следите и преку директен пренос на првиот канал на Македонската радио телевизија.
Денес на својот профил по повод овој настан на кој лично присуствуваше се огласи и градоначалникот на Кавадарци кој е канидат и за нов мандат, Митко Јанчев
-Денес се освети комплетно реконструираниот храм св.Димитрија, чија реконструкција траеше 5 години. Градоначалникот Митко Јанчев имаше чест да го зап али првото кандило.
Неговата сестра г-ѓа Јанинка Чупаркоска како управител на Кожувчанка, како еден од најголемите донатори, доби орден од МПЦ.