Кога станува збор за фолкерката Сузана Гавазова она што прво ни паѓа на памет секогаш е загарантирана забава, но и одличен изглед и став.
Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.
Гавазова започна професионално да се занимава со музика уште од многу млада, а популарност стекна и надвор од Македонија.
Каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни. Сузана е една од оние пејачки кои имаат фанови од 7 до 77 години.
Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните македонски турбо фолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.
Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.
Секогаш кога ќе си дојдевме во Македонија не сакавме да се враќаме назад, и така еден ден решивме да си останеме во Македонија. Македонија си ја опишавме како ,,Земјата на сонцето” а сонцето дава убава и позитивна енергија и овде сме пресреќни.
Гавазова исто така доста е актуелна на социјалните мрежи каде постира видеа и фотографии од местата каде што ужива, но и настапите.
Таа е доста барана а често настапува и кај многу истакнати македонски фаци и јавни личности, а последен во редот беше македонскиот фудбалски бисер.
Имено Сузана Гавазова ги забавуваше гостите на свадбена веселба во семејството Елмас, на нашиот најнадежен фудбалер Елиф.
Елиф беше видно разигран и весел а сцената до таа фаза на расположение ја доведе токму фолкерката, која со својот настап ги веселеше гостите.