Влатко Миладиноски, по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.
Јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера, а заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите.
Како гостин во емисијата Магазин Влатко зборуваше за кариерата и неговиот живот и откри која му била најголемата желба за дует со некој пејач.
– Има доста, идеи секогаш имало. Можеби единствен дует кој ми беше голема желба беше дуетот „Кажи ми вујче“ со мојот вујко Војо Стојаноски, доста сум горд на таа песна и секогаш ми е драга, кажа Влатко.
Потекнува од музичка фамилија, а неговиот братучед Дамјан во една прилика кажа дека неговиот татко Војо потекува од голема фамилија, тие се осум деца и има многу братучеди.
Дамјан раскажа дека со братучедите одел на доста турнеи низ Австралија и секаде каде што има нашинци. „Сум можел да живеам надвор од Македонија, но не сакав, решив да останам тука, јас сум голем родољуб“, порача младиот пејач.
Во текот на својата кариера, Стојаноски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“.
По неговото заминување бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“.
Изминатиов период во ек е најавата за големата австралиска турнеја која браќата Миладиновски и Дамјан ќе ја одржат до крајот на оваа година.
Иако Влатко не е често активен на социјалните мрежи, понекогаш објавува видео од настап или свеченост, но и по некој спомен од минатото. Така и овојпат се присети на дамнешни времиња кога заедно со неговиот вујко пееле во дует.
„Сакам да ги со споделам со вас овие неколку интересни стари слики од промоцијата на нашите албуми “Аманет” со песни и “Изгрејсонце” со инструментална Музика(ора)
Многу драги гости и многу убави спомени. Промоцијата беше пред точно 10 години во ресторан Македонска Куќа во парк(Скопје)“, сподели Влатко.