Една од најпознатите и најубави македонски манекенки, која и денеска изгледа подеднакво добро како што тоа беше случај во златните 90 – ти, е секако Вера Мештеровиќ.
Девојката која таа далечна 1996 година ќе стане првата мисица која ја претставувала Република Македонија на официјалниот меѓународниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржа во Бангалор, Индија.
Денес, 40-годишната Вера важи за една од најубавите жени во нашиот јавен живот. Годините ретко коj би ѝ ги дал, а таа вели дека е до негата, но и до генетиката и нејзиниот детски, палав дух.
– Јас од седумгодишна возраст се појавувам на малите екрани преку балетот, фолклорот, ревии, реклами, избор за мис, заштитно лице на ,,Систина’’, и работите спонтано се редеа сами.
За возраста можам да кажам дека денес веќе не е мерило, ни граница. Секоја возраст има своја таргетна група и убавина. Возраста на која сум јас сега опфаќа најголем опсег на маркетинг за таргетна група потрошувачи од 25 до 50 години – вели Вера.
Од пред извесно време Вера влезе во телевизиските води, па така, секое работно утро, од 06:45 може да се будите со Вера и со целиот тим на „Здраво Македонија” на Канал 5 телевизија.
Згодната убавица, првата Мис на самостојна Македонија, една од топ 10 Мис на свет, Мис на хуманост, топ модел, балерина, играорка, модератор и актер, дипломиран менаџер – Вера Мештеровиќ стана дел од тимот на Канал 5.
Најдобрите совети и рецепти на тема здравје, дом, родителство, животен стил се нејзиното главно поле на делување. А како изгледа сето тоа, само вклучете Канал 5 и се’ ќе ви стане појасно.
Како што е познато некогашната Мис на Македонија, манекенка и модел Вера Мештеровиќ во моментов повторно е слободна откако пред неколку години со екс фудбалерот на повеќе клубови во земјава и странство Игор Кралевски, по една деценија брак се разделија.
Некогашната учесничка на домашните и македонска претставничка на меѓународните избори за убавина и балкански амбасадор на убавината, денес е посветена мајка. Вера со екс-фудбалерот и екс – сопруг Игор има две деца – Андреј и Јована.
Таа знае да ужива во животот, па и покрај работните обврски секогаш може да издвои слободно време за забава и дружење со колегите и пријателите.
Така и овојпат, во познатиот Интермецо клуб во Скопје на настап на бендот Некст Тајм Вера заедно со Катерина Шехтанска и гости од Австралија се забавуваа со најубавите македонски песни.