(ФОТО) Ване Цветанов покажа колку ја сака Дунавка: Се за љубов, па макар било и разрешување од државна функција

  • By admin
  • април 7, 2022
  • 0
  • 591 Views

Како што е познато познатата македонска манекенка Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов веќе екс претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, се верија на почетокот на минатата година година.

Овој пар важи за еден од најпознатите на македонската јавна сцена со оглед на тоа што се луѓе од јавната сфера.

Двајцата често на социјалните мрежи ја искажуваат својата љубов преку објави во вид на статуси и фотографии, а и често заедно патуваат.

Токму затоа тие се привлечни за медиумите и публиката која како и за многу други познати јавни личности, сака да дознае нешто повеќе, пред се од приватниот живот.

Како што е познато пред неполн месец Ване Цветанов е разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, потврдуваат од Владата.

Цветанов е разрешен по информациите за ангажирањето на сопругата во оваа институција. Тој ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање те ризам.

Инаку, Цветанов беше на чело на институцијата од 2019 година, кога го постави претходната Влада на Зоран Заев.

По одлуката за разрешување Цветанов не се огласуваше во јавноста се до вчера кога тоа го направи преку својот фејсбук профил каде што сподели фотка со својата сакана Дунавка и напиша:

Се за љубовта, па макар било и разрешување од државна функција

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.