Фросина Ташевска Ременски која сите ја знаеме како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија неодамна имаше обид повторно да се врати на политичката сцена.
Пранешната министерка пред извесен период повторно стана актуелна откако реши да се кандидра за лидер на СДСМ, но на партиските избори не беше одбрана и победи нејзиниот конкурент и актуелен претседател на партијата Димитар Ковачевски.
Сепак откако не успеа да победи на изборите, таа повторно се врати на она што го правеше во изминатиот период и се посвети на фамилијата и домаќинството
Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.
Често објавува како приготвуа специјалитети и зимници, а во слободно време е вклучена и во хуманитарни акции. Па така беше и неодмана:
Ден посветен за нашите сограѓани од Шуто Оризари. Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари готвиме со вредните ентузијасти и домаќинки за 300 семејства на кои им е потребна храна.
Ременски потоа во нова објава поопширно објасни за што станува збор:
Хуманоста и солидарноста како цивилизависки вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација.
Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед.Семејствата што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна имаат потреба од нашата помош.
Денес во Шуто Оризари видов како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна сум што ја прифатија мојата понуда за помош што ми значи и мене, и на нив и на заедницата.
Пред некој Ременски преку фејсбук повторно се огласи од Малешевијата, поточно од Ратевo и притоа изненади од својот стајлинг.
Таа облечена во гумени чизми до колена, на себе носејќи плетено елече работеш во нива и приота напиша:
Работен викенд фоф гората на Периовец со нови овошни садници, закројување и ѓубрење