Македонската ракометна репрезентација успешно го започна патот кон мундијалот во Шведска и Полска идната година. Поминувајќи ја првата пречка, екипата на Романија.
Сега преостануваат уште два натпревари со Чешка која е последна пречка да заминеме на уште едно првенство во низа. Со кое ќе го задржиме континуитетот.
Филип Талески и Гоце Георгиевски се едни од нашите првотимци во репрезентацијата. Гоце стандарден репрезентативец веќе долги години.
Додека од Талески се очекува да ја преземе одговорноста и да биде еден од столбовите на нашата репрезентација во иднина.
Тие двајца беа гости во емисијата Г- Карпет, каде дискутираа не неколку теми, поврзани со ракометот но и надвор од него.
Филип често е на ме та на критики поради слабите игри во националниот дрес и Вардар или поради неконстантноста, а тој отворено кажа што мисли за навре дите.
– Често на социјалните мрежи гледам што се пишува дури и блиски роднини ми праќаат што се се коментира за мене и навре дува, вели Талески.
– Најпрво тие што коментираат се пред се родители и возрасни луѓе и тие имаат деца како мене. Тие треба да воспитуваат пред се.
– Не ми пречи тоа што ме нарекуваат дрво, слаб играч и нешто слично, но тоа што ми споменуваат фамилија, преку тоа не можам да прејдам и сум згро зен.
– Имаше објави каде што стоеше мојот дрес закачен на дрво што асоцира на тоа дека сум по коен. Тоа ме бо ли навистина, а вообичајни коментари секако имало и ќе има.
– Секако имаме лош ден. Еве за себе ќе кажам, имам некоја бариера се сомневаш дали да шутнеш е тоа е погрешното, но психилошкиот момент е проблем.