За Ферус Мустафов не треба да се трошат многу зборови. Слободно можеме да кажеме дека тој е еден од нашите најголеми музичари кога ќе го земе саксафонот во рака.
Има долга кариера на која можат да му подзавидат многумина пејачи и музичари. Еден од најбараните изведувачи кога станува збор за веселби.
Овој штипјанец се уште е активен на музичкото поле и е резервиран за многу настапи, идол е на многумина а наследник гледа во неговиот внук Ферчо.
Кој го спомна во неодамнешно гостување, потенцирајќи дека и син му е музичар но внукот сериозно може да се наметна за нов крал на саксафонот.
Тој од неодамна беше гостин токму во емисијата Г- Карпет каде зборуваше за кариерата, приватниот живот и откри доста интересни сегменти.
Она што најмногу не остави со подотворен усти е секако најголемата заработка односно најголемиот бакшиш што го добил на еден настап.
– Порано имаше многу повеќе пари сега е доста слабо, но можам да кажам дека најголемиот бакшиш го имам заработено со по којниот Шабан Шаулиќ.
– При еден настап заработивме бакшиш 180.000 евра. Но готовата пара брзо се троши, како што е сега овој период во цел свет, овие 2-3 години, вели Мустафов.
И додаде: Свирам на 13 инструменти, прв инструмент ми е виолината. За стајлингот се грижи мојата сопруга, но генерално сам се дотерувам.
– Баш како крал се чуствувам кога свирам на концерт, даваш се од себе, те гелдаат многу луѓе и мора да дадеш се од себе.
– Годишно свирам по 10 бесплатни свадби, но знам дека тие ќе ми помогнат подоцна и нема да остават туку така, вели кралот на ромската музика а кога станува збор за жените вели:
– Јас за жена не давам пари само можам да земам. Можам само да ја земам и однесам да ја почестам ручек, но да и давам пари тоа не доаѓа во предвид.