Трајче Манев откри зошто прекина со музиката, но и призна: Децата се срамува од мене

  • By admin
  • мај 9, 2021
  • 0
  • 1247 Views

Во далечната 1987 година до тогаш непознатиот Трајче Манев триумфално победи на второто издание на фестивалот „Макфест“, никој баш ни на крај памет не можеше да претпостави дека е родена новата музичка ѕвезда.

И ако млад, неискусен и неснаодлив на естрадата, облечен за некој број поголемо карирано палто со подвиткани ракави, Трајче сепак потполно ја освои публиката со извонредната поп-балада „Осамен“ и со својата емотивна интерпретација.

И далеку од тоа дека остана осамен. Напротив! Зад себе ги остави многубројните тогашни пејачки-ѕвезди, учесници Маја Оџаклиевска, Ристо Самарџиев, Тања Кочовска….

33 години потоа, Трајче повторно, минатата 2020 година ја запеа на „Макфестовската“ сцена истата песна во ретроспективната вечер.

Многумина се прашуваат што прави и каде е сега, но и зошто се повлече од музиката, но по многу години реши да откри.

Пред некој ден тој гостуваше во емисијата Магазин на Сител ТВ и откри интересни детали:

-Свето на музиката и на музичарите е малку поинаков од животот на другите. Таму има седенки, дружби, концерти има ваму таму, се се дешава. Јас и затоа прекинав со музиката, за да си ја сочувам фамилијата, изјави Манев и продолжи:

Колку и да несакаше да пречи, сепак пречи да се натегаш. Македонија е мала земја, ајде кога бевме Југославија можеби можело и професионално да се занимашва.

Јас со музиката никогаш професионално не се бавев затоа што од секогаш работев. Значи работам, работам па идам на свирка или на концерт.

Работам преку ден, навечер пејам. Јас недостасував на моите. Кога ќе се приберев дома децата се срамуваа од мене. Бев уморен и исцрпен од се.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.