Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ најмногу ја гледаме насмеана и расположена пред камера. Таа овој пат во ,,Реалната приказна” на телевизија Курир не ги криеше емоциите, па искрено проговори за најинтимните приказни од нејзиниот живот и кариера.
Таа во емисијата се присети и на својот пријател Тоше Проески, кој истакна дека се уште не може да го преболи неговото заминување.
– Секогаш кога целото тело ми свири кога ќе го слушнам неговиот глас, бевме пријатели и многу се сакавме. Знаеш како велат дека времето лечи се, не може да излечи.
– Секоја година е се потешко, секој јануари кога му е роденден и секој октомври кога го нема. Мислам дека Господ го однесе горе да му пее, бидејќи Тоше навистина беше ангел.
Тој сакаше да пее. Немам друго објаснување некој толку млад да оди на божја правда – изјави Тијана Дапчевиќ со тешко срце во емисијата.
Тијана признава и дека му се налутила на Тоше Проески: Отсекогаш сме се натпреварувале кој подобро ќе пее севладинки, јас секако секогаш подобро пеев.
Извадуваше македонски песни од нафталин. Секогаш се натпреварувавме и се каравме. Се познаваме уште од мали нозе. Кога дојде на тој натпревар каде што се запознавме, само се прашував каде научил да пее толку добро.
– Се сеќавам тогаш дека се запиша во средно музичко училиште, па фаќав јас врски за да се премести на некој друг правец а не кларинет.
– Многу му се налутив кога требаше да се запише на музичката академија, бидејќи не се запиша, па продолжи на сцената.
Тогаш му кажав се, дека требаше да биде соло пејач. Се сеќавам на тоа, бев мнгоу лут на него. Сигурно ја научи техниката и потоа отиде во рајот кога беше на врвот на славата – изјави Дапчевиќ.
Тијана може да се пофали со 2 децениска кариера, иако самата признава дека во нејзината работа се случило песна која треба да и припадне нејзе, завршува кај друга колешка.
– Се случи, да, признавам. Не знам дали сега е нејзиниот проблем со мене или е до продуцентот. Имаше една песна што замина кај моја колешка, а не кај мене, и стана полн погодок- изјави Тијана во емисијата „Реална приказна“ на телевизија ,,Курир”
Чувајте ги вашите пријатели и вашите непријатели уште поблиску. Се случува кога ќе завршам песни кои првенствено беа наменети за некој друг.