Тимот што победува не се менува не важи за Милевски: Две промени во составот на Македонија за Португалија

  • By admin
  • март 29, 2022
  • 0
  • 388 Views

Македонските срца одбројуваат минути пред почетокот на мечот за историја на нашиот фудбал и дуелот со Португалија за пласман на СП.

Како што веќе од порано беше објавенот, Јани Атанасов, Валон Етеми, Ердал Ракип и Ердон Даци се четворицата фудбалери што не се во комбинација за настап против Португалија и тие ќе бидат на трибини.

Македонија за нешто повеќе од еден час ќе тргне во завршната битка за нова историја и пласман на Светското првенство во Катар на крајот на годинава, на „Драгао“ во Порто против бившиот европски првак од 2016 година, Португалија, па македонскиот селектор Благоја Милевски направи две промена во тимот кој пред пет дена го освои Палермо.

Откако после суспензијата во екипата се вратија Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, македонскиот „дијамант“ од Наполи влезе во почетните 11 на местото на Бобан Николов, а Костадинов на местото на Дарко Чурлинов, додека останатите деветмина се истите што тргнаа и го направија чудото против актуелниот европски првак Италија.

На голот е Столе Димитриевски, дефанзивната четворка е Езџјан Алиоски (лево), Дарко Велковски – Висар Мусиу (стопери) и Стефан Ристовски (десно).

Во средниот ред, Аријан Адеми, Енис Барди како централни играчи за врска, Елмас и Тихомир Костадинов како крилни фудбалери за врска, а Александар Трајковски и Милан Ристовски во нападот, иако на графиката на УЕФА е ставен Костадинов во напад.

Португалците, пак, со стандардниот најавен состав и со три промени во тимот од тој со кој играа против Турција после враќањето на Жоао Кансело и Пепе.

Диего Коста е голман, Кансело, Пепе, Данило и Нуњо Мендеш во одбраната, Бруно Фернандеш, Жоао Мутињо и Отавио во средина, а Кристијано Роналдо, Диего Жота и Бернардо Силва во напаѓачката тројка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.