Сузана Гавазова во друштво на Саша Поповиќ – се крчка ли нешто

  • By admin
  • август 21, 2021
  • 0
  • 6368 Views

За Сузана Гавазова не е потребно да се трошат многу зборови. Струмичанката е докажана на музичката сцена и со нејзиниот глас и стас каде и да се појави привлекува внимание.

Македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години. Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Сузана Гавазова важи за една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

Гавазова има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пан демијата.

Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Пред неколку дена од неколку наши медиуми беше објавено дека македонската фолк пејачка Сузана Гавазова која важи за најактуелна фолкерка лично од нејзината колешка Јана Тодоровиќ била поканета на забава во Хрватска.

Истата е во организација на нејзининиот свекор познат како еден од најбогатите во Хрватска Стева Тодоровиќ.

На оваа веселба имаше и други познати имиња од естрадата од Србија и Хрвадска, а меѓу нив беше и Саша Поповиќ, веќе поранешниот газда на Гранд ТВ и лице кое го препознаваме од Звездите на Гранд.

Присуството на истиот наста Сузана Гавазова и Саша Поповиќ го искористија за средба која ја овековечија со фотографија. Фановите на Сузе веќе започнаа да се прашуваат дали се подготвува нешто ново ако се знае дека таа веќе од претходно има соработувано со Гранд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.