Солзите и липањето на малата Ангела од Пелинце допира право во срце

  • By klaster2
  • март 16, 2022
  • 0
  • 671 Views

Ако преку едно семејство ја прензентираме тагата и бо лка, тогаш семејството Величковски од селото Пелинце близу Куманово е токму тоа.

Недовршената и руинирана куќа со доста стар и искрш ен мебел што била поставена на долниот дел од куќата е првиот показател за условите во кои живее ова семејство.

Ангела (7) ја пречекува екипата хуманитарна организација ,,Србизасрбе” на врата и дознава зошто се дојдени и во тој момент се се променува.

Во тој миг нејзините големи детски очи се наполнија со солзи и тивко липање погодува право во срцето. Тро гнати од нејзината реакција, екипата се обиде да и го сврти вниманието на прашања за браќата и сестрите, по што заедно влегоа во куќата.

Неподносливата состојба на неизвесност и неверување се зголемува кога ќе сфатиме дека Величковски не поседува ништо друго освен црни ѕидови, бетон и униш тен мебел!

Во една соба без бања и вода, покрај Ангела заедно со нејзе се и Христијан кој е најголем со 20 години, потоа 18- годишната Валерија.

И деветгодишниот Николче, заедно со нивните родители Мирослав и Слаѓана живеат недостоен живот, исполнет со секојдневневна неизвесност и голема сиромаштија.

Дека не среќата никогаш не поминува сама од себе дознаваме од таткото Мирослав кој ни објаснува дека Кристијан е личност со посебни потреби.

Додека помалиот син има проблеми со говорот. Држејќи пластично капаче од шише, ни покажува и камен од бубрегот изваден од телото на малата Ангела која го опе рирала минатата година.

Скромните и тивки членови на семејството ги покажуваат услови кои не се достојни за ниту еден човек. Зјапајќи во нивните лица, се обидуваме да ги најдеме вистинските зборови кои би ги развеселиле и би донеле светлина во нивниот дом.

– Работам во фабрика за 15.000 денари, а од редовните месечни примања имам само 5.000 денари за додатокот за Христијан.

Имаме и градина во која садиме за свои потреби и некако успеваме да се прехраниме – вели таткото Мирослав видно разо чарано.

Инаку хуманитарната организација ,,Србизасрбе.орг” реши да ја реновира и доврши куќата на семејството Величковски со што би и го поправил животот.

За комплетирање на проектот потребни се околу 25.000 евра. Доколку сакате да помогнете тоа може да го сторите на 143133 (А1) и 143143 (Т-Хоме), цена на пораката е 100 денари или трансакциската сметка 200003382648497.

ФОТО: ,,Србизасрбе.орг”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.