На неодамна одржаната манифестација „Лимски подароци во Пријепоље“, за најдобра пријеполска снаа е прогласена Мими Симовиќ, која водена од своето срце, пред осум години пристигна од Индија во градот Лим.
Иако титулата најдобра пријеполска снаа ја изненади Мими, нејзината свекрва не беше изненадена.
„Заслужува, се разбира, заслужува, вредна е, економична, сака се да прави, ги нареди и дрвата, таа ми е фризерка, не сум била на фризер откако дојде таа“, изјави свекрвата Финка Симовиќ.
Што е најважно, додава Финка, таа е грижлива мајка на Васил и Роза, но и полна со љубов кон децата во соседството.
„Таа е многу интересна, ги храни нашите деца, им подготвува храна од нејзиниот крај, па децата сега само – ориз, ориз, децата се навикнати на ориз“, вели соседот Бобан Спајиќ.
„И мојот сосед е многу добар, ако не знам нешто тие сакаат да помогнат, сите сакаат да ми покажат што било, и затоа е многу прекрасно овде, има многу добри луѓе. А единственото нешто посебно е мојот сопруг“, вели Танмила Мими Симовиќ.
Усвојувајќи го српскиот јазик, таа ги држи обичаите на својот регион, со голема поддршка од сопругот, кого го запознала во Катар и поради кој ја променила католичката вера во православна.
„Бевме во Индија и кога го видоа мојот сопруг, мама и тато ми рекоа – сега можам да ум рам, нема што да се грижам повеќе“, додава Мими.
„Таа и јас бевме водени од нашите срца, а тоа е најдобриот начин и на крајот сè испадна одлично. Немаме никакви проблеми, нема проблем што нејзините се далеку, има интернет“, изјави сопругот Слободан Симовиќ.
Велат дека првиот голем предизвик пред нив е Васил да оди на училиште, бидејќи Мими се уште не го совладала добро јазикот, а неодамна отворила и салон за нега на тело, што значи дека иднината ја гледаат во Пријепоље.