Славка од скопско преживува од ден за ден и вели: Се чуствувам како куче

  • By klaster2
  • април 3, 2022
  • 0
  • 402 Views

Славка Тодевска од скопско Ченто имала тежок живот, убави моменти во животот и се само раѓањето на нивните деца. Сепак денеска иако едното дете и живо таа не може да му се посвети.

 

Денес таа е на улица и буквално преживува. Сопругот ја напушта, но кога и родителите ќе го напуштат овој свет, таа останува без својата потпора.

И тие блиски што и останале ќе и завртат грб и ќе ја остават сама безмилосно на улица, тогаш го губи и сино и од тој момент започнува големото црнило во нејзиниот живот.

Од тој момент спие под отворено небо, некогаш кај соседи кој сепак не ја заборавиле, се моли за да го помине денот, преостанува уште да земе и да проси бидејќи нема никаков приход.

Скита од улица на улица, празен фрижидиер и немање пари да отиде да ја посети ќерка си и внуците, тоа е реалноста за оваа жена од скопско. Па таа се моли бог да ја земе кај него.

– Таткото на моите деца ме напушти не му се знае ниту траг каде е не дојде ниту на испраќањето во вечност на детето, вели Славка пред камерата на ,,Срце на дланка”

– Бевме многудетно семејество, но откако замина во вечност моите два столба, мајка ми и татко ми, настана огромно црнило во животот.

– На Нова Година утрото го загубив синот, тоа беше момент кој секогаш ќе биде врежан во мене. Од тогаш започнав да одам и по болници и немам мир.

Кога ќе дојде време за поделба на имотот тогаш и настануваат проблемите, оваа храбра жена ќе биде изиграна од роднините и ќе остане со празни раце.

Таа ќе остане на улица и ќе моли за корка леб. Оваа жена се што сака е да има барем свој покрив над глава и да има социјална помош.

– Талкам по светот, ситуацијата ниту на ќерка ми не е најдобра, немам пари ниту да ја посетам. Моментално престојувам овде.

– Ги знам уште од деца сопствениците и ми се пријатели. А ко не сум тука не знам каде. Не ми преостанува ништо освен да мисалам на најлошото.

– Ниту државата не сака да ми помогне, немам ниту денар земано, ниту никаква еднократна помош, вели во солзи Тодевска.

– Кој сака да спие како куче, јас се чуствувам како куче. Една жена ми рече дај ми ја личната карта да си исплатам лото добивката.

– Таа зема 4.000 денари добива со мојата лична карта и тоа е пречка што јас не можам да добијам социјална помош. Пишува дека сум земала пари од игри на среќа.

– Немам на кого да се потпрам. Верувајте од овој свет ништо никој нема да си понесе, но хуманоста е таа што ќе остане запаметена.

Доколку сакате да и помогнете на оваа осамена жена да продолжи исправено во животот тоа може да го направите на телефонскиот број 077 592 621 или на жиро сметката 210501750099754 Тутунска банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.