Симеон Атанасов, синот на Есма во текот на вчерашниот ден се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша статус во кој што вели:
Господо од “власта”. Штотуку го одгледав филмот посветен на легендата Тома Здравковиќ.Секоја чест на целата екипа предводена од маестралниот Бјелогрлиќ.
Уште еднаш власта од Србија покажа колку си ги почитува своите уметници.Ова ме потсетува на времето кога на Есма и Стево Теодосиевски во 1990 година, тогашната власт им велеше:
“Останете во Белград,ние ќе ви изградиме музеј каде што ќе посакате.
“Но,Стево Теодосиевски беше голем патриот и сакаше целото свое творештво да го остави на Македонија. Жално и срамно! Господо од “власта” освестете се.
Врвни уметници ви оставија готов објект кој што беше спремен за музеј, и додека вие се мислите,се пропадна, се фрли во вода долгогодишна работа на Есма и Стево Теодосиевски.
Што се однесува за филм, секоја чест на сите уметници, но убеден сум дека ни еден нема приказна во која стои дека едно мало ромско девојче кое чистело скали, за да има пари да оди на кино и куклен театар.
Почнува да пее прв пат на свој мајчин јазик, го запознава својот ментор, иден сопруг, основање на ансамблот, селење во Белград бидејќи се забранети во ТВ СКОПЈЕ.
Правење светска кариера, многубројни награди, а што е најважно единствени кои што изчуваа, школуваа преку 40 деца.
Ова е само дел од историјата на Есма и Стево Теодосиевски. Јас нема да престанам, ќе се борам овие две имиња да не се заборават, не само што се отвори спомен соба во Брисел, истата егзибиција ќе патува низ цела Европа.
Секако ако не може тука,ќе направиме филм некаде каде што многу повеќе ги почитуваат овие двајца великани.