Во Миљковац, село во самото подножје на Сува Планина во областа позната како Заплање, во последните четири децении се родени само осум бебиња, а дури седум од нив се родени во семејството Младеновиќ. Тоа семејство сега брои 11 члена од кои најмладиот е петмесечниот Јован, додека целото село има вкупно 26 жители.
Добра вест е што Младеновиќ имаат намера да останат во својот дом иако условите за живот во тој крај се многу тешки. Во Миљковац нема продавница, пошта, амбуланта, нема автобус.
Синиша, најстариот член на семејството Младеновиќ, вели дека неговата сопруга и тој останале во Миљковац само поради љубовта кон селото, а во семејната куќа живеат нивните деца Милош, Јелена и Дарко, како и тројца внуци и две внуки.
„Јас, како и другите од моето село, можев да одам во Душник, Ниш или Гаџин Хан. Можев да одам во град, но не сакав, не сакам бетон и асфалт. Животот е многу поубав во село отколку во град“, објаснува Синиша за Нова.рс.
„Работев во фабриката „Елид“ во Душник и кога отидов во пензија, со 41 година стаж, добив пензија од 25.000 динари, со текот на времето малку ми ја зголемија пензијата, па сега е околу 30.000, додека мојата сопруга има малку помалку
Среќни сме затоа што куќата ни е полна.Ќерката има едно дете, синот четири, а најмалиот син Дарко кој работи како транспортер е пред брак, па очекуваме семејството да расте уште повеќе“, рече Синиша.
„Имаме љубов кон децата, а тој што сака богатство нека штеди, џабе ако нема на кого да ги потроши. Трокатна куќа и огромни соби се распа ѓаат ако нема кој да живее во нив.
Љубовта кон најстариот син Милош, ја донела Катарина од моравското село Дреновац во Миљковци. Пред бракот дипломирала на Фармацевтскиот факултет и работела во аптека во градот.
„Децата кои растат на село се поздрави, поотворени, посрдечни. Тие се помалку срамежливи, претпоставувам затоа што имаат поголема слобода. Тоа го гледам кога ја споредувам ќерка ми, која мораше да расте „на асфалт“ и нејзиниот внук и внука“, изјави ќерката Јелена.
Младеновиќ со жа лење велат дека поради заминувањето на мештаните во градот, не само нивното село било запустено, туку и сите останати во тој дел.