Се уште има чесни луѓе: Нашле 10.000 евра на бензинска и му ги вратиле на сопственикот

  • By klaster2
  • април 12, 2022
  • 0
  • 408 Views

Живееме во време кога човековите вредности речиси и да се ставаат во втор план и народот е насочен и гледа само во парите.

На сите ни се случило да изгубиме некогаш некој предмет, пари и некоја слична работа и се запрашуваме дали ќе го пронајдеме.

Ако некогаш сте изгубиле нешто, сигурно сте размислувале каде е чесен пронаоѓач во тој момент, да ви го врати изгубениот паричник или телефон.

Но искуството вели дека е спротивно, често се разо чаруваме или кога се враќаме на тоа место ќе најдеме само празен паричник.

Но сепак не се сите такви, има многу каде што како што се вели се ,,Од мајка родени” па така среќно завршува потрагата.

Исто толку чесни биле и момците вработени на бензинската пумпа во Будва, кои ја вратиле чантата со голема сума пари.

Како што наведува во изворот во соопштението за Телеграф.рс, дотичен човек загубил 10.000 евра во чанта на бензиска пумпа.

Во коментарите на оваа вест имаше и такви кои немаа многу верба во луѓето, па напишаа дека парите се вратени бидејќи наоколу имало камери, па морале.

Сопственикот на чантата се вратил во бензинска пумпа, па можеби тоа е една од причините поради кои парите се вратени велат други.

Но сепак од ова се гледа дека уште има нешто ,,човечко” во луѓето и нешто позитивно, пример за кој сите треба да го следат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.