Светлана ја напуштила државната работа и заминала да живее во село кое има едвај 15 луѓе

  • By klaster2
  • октомври 30, 2022
  • 0
  • 377 Views

Александар Маниќ (38), академски образован, дипломирал на Археолошкиот факултет и има титула кустос. Работел во музејот во Пирот, потоа сменил уште две работни места, но секогаш сонувал да се врати на село.

Пред три години решил и се вратил во домот на предците во селото Изатовци во Пиротско, каде неговото семејство отсекогаш живеело од сточарство.

Дека животот пишува романи покажа и неговиот пример кога изминатава година ја запозна својата сегашна сопруга Светлана благодарение на емисијата „Сосема природно“

По вашата емисија, мојата сегашна сопруга ме контактираше, кога човекот ќе почуствува нешто внатре значи дека тоа е тоа.

Не ни знаев како изгледа, во нејзиниот глас почувствував дека таа е вистинската, и за моја среќа не згрежив со изборот.

Се запознавме во Пирот, таа ја напушти државната работа во Белград, работеше како ревизор и дојде овде. Мојата сопруга е многу похрабра од мене“, изјави Александар.

Светлана дипломирала на Економскиот факултет во Белград, а кога, како што вели, ја гледала емисијата, знаела дека тој е вистинскиот. Тие добија син и тоа беше првото новороденче во овој дел на Стара Планина по 40 години.

„Се случи нешто за кое не ни сонував и не би ми текнало на крај памет. На почетокот на 2021 година ја гледав емисијата и го видов Александар.

Го видов човекот што го чекав цел живот. Го направив првиот потег. Му оставив порака , потоа разговаравме“, вели Светлана.

Сега имаат 70 овци, имаат планови, а простор за полемики нема. Тие се залагаат за враќање на селото и за поздрав начин на живот.

Имајќи во предвид дека се на почетокот секоја помош од државата и субвенции се добредојдени и се надеваат дека ќе успеат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.