Трендот на масовно иселување од Македонија како на младите, така и на постарите никако да запре.
За тоа сведочат и последните истражувања според кои повеќе од 50% од младите сакаат да се иселат. Дури 58% изјавиле дека сакаат да заминат, а 64% дека не се задоволни со моменталната состојба во државата.
Покрај економските, се позастапени се и неекономските причини – загаду вање, коруп ција, политика, но и функционалноста на системот генерално.
Многу родители останаа да тагуваат по нивните чеда кои заминале на печалба. Таква е и судбината на Светлана која за жал единствената ќерка ја нема до себе.
„Живеам сама во куќа на два спрата, сите ме напуштија. Џабе ли со сопругот се мачевме да оставиме наследство, една ќерка имавме и планот ни беше куќата да и ја препишеме тука да живее.
Арно ама, Господ не сакал така. А многу се трудевме, јас имав 37 години кога ја родив и си велев светот ќе и го дадам само да овозможам убав живот.
Цел живот работев во конфекција, сопругот одеше на терен како градежник и од лебот делевме за да можеме куќата да ја реновираме.
Ќерката си порасна, ја школував, фала му на Бога, ја омажив, некако истеравме. Живееја неколку години со зетот во Македонија, но не бил задоволен од работата тука, го прелажа еден братучед и замина во Австралија да печали.
Некако по роднински врски се снајдоа за документи, ја однесе и ќерка ми. Тогаш заедно бевме со сопругот, полесно го прифатив заминувањето, ама откако тој ме напушти не знам глава кај ми е.
Само тој што живее сам може да ме разбере – сам во четири ѕида. Таму се роди и внукот, веќе 8 години поминаа како се таму, а дојдоа само кога наполни 3 години.
Свесна бев дека младите бараат поубав живот, ама и тука можеа да си работат, баш па во Австралија ли најдоа..Што можам јас освен да се нервирам што морам да го гледам единственото чедо преку камера?
Мило ми е бидејќи живеат многу убаво, но не заслужив во пензионерските денови да та гувам за моите деца.
И сега што ќе ми е мене ако ќерката таму живее во палата кога внучето го гледам еднаш во пет години? Ама младите за тоа не размислуваат.
Јас сум во одминати години веќе, имам здравствени проблеми и не можам да патувам толку далеку.
Имам неколку сосетки со кои се дружам, но не е исто, со душа го чекам денот кога ќе заминам за да не живеам повеќе вака.
Пет години минаа, па и вирусот уште толку иск омплицираше се. Се надевам дека барем ова лето ќе дојдат да ги видам“.
Обработил: А.Л. Фото: Илустрација
Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк