Граѓаните на Србија денеска гласаат на редовни претседателски, вонредни парламентарни и редовни избори од советниците во Собранието на Белград и во 13 други градови и општини.
Актуелниот претседател Александар Вучиќ се трка за втор претседателски мандат и очекува убедлива победа. Верува дека граѓаните ќе изберат иднина во која Србија ќе биде меѓу земјите со најбрзо растечка економија.
На избирачкото место во Бор денеска е забележана несекојдневна глетка. На гласање дојдоа младоженци, момче во костум и девојка во венчаница.
Без разлика што денеска им е посебен ден, тие претходно дојдоа да ја извршат својата граѓанска должност и да ја изберат нивната иднина.
– Заедно решивме да излеземе на гласање пред свадбата. Тоа е уште една работа што треба да ја направиме денеска, покрај нашата свадба, секако – вели Катарина Ратиќ за РТВ Бор, пренесува ЗА Медиа.
Нејзиниот избраник се согласува дека не можеле да го пропуштат учеството во важната одлука бидејќи иднината е во нивни раце.
– Тоа е нешто што ќе одлучува за нашата иднина. Затоа сакаме да учествуваме како и сите други граѓани, без разлика каков ни е денешниот ден. Сакаме да дадеме се од себе и да направиме се како што треба – додава младоженецот Ненад Петровиќ.
-Имаме огромни оќекувања од заедничкиот живот. Сакаме да основаме семејство за почеток ,а потоа се надеваме на подобар живот, искрено ја сакаме нашата земја и затоа сме тука.
Невстата додаде дека очекува убав живот со нејзиниот сопруг и очекува да останат во родната земја. Сакаат да останат во родниот град и поради тоа решиле да гласаат како што им доликува.
Потпишувајќи се на избирачкиот список со своето презиме, младата жена со насмевка коментираше „уште денес“, а многумина ги пречекаа со честитки и коментари „секоја чест“.