Сашко Коцев: Сопругата работи во ковид оделение, оди секаде и ми вели: Ти ич не се пазиш, ќе не заразиш

  • By klaster2
  • март 21, 2022
  • 0
  • 490 Views

Сашко Коцев без сомнение важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.

За Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

– Короната е веќе две години со нас, се сеќавам Март месец беше и веќе таа тема беше доста актуелна и народот беше во неизвесност, загриженост, што и како ќе биде.

– И ние во театарот и сите загрижени и доваѓа директоракта и вели: Ајде сите дома, од да помине ова коронава и од понеделник се гледаме на работа.

– И еве веќе две години не сме вратени, вели низ смеа Сашко Коцев кој истакна дека дури цела година и три месеци не снимале ништо, вели тој во емисијата ,,Еден на еден”

– Првото излегување од дома ми беше по 2-3 месеци, го зедов детето и на еден мост во Катланово отидов, тоа си фрлаше камечиња, јас се распослав и одмарав.

– Во тие моменти жена ми беше најфанатична бидејќи е медицинско лице и работи во ковид оделение. Цело време на работа од кој:

– Еден саат прави фризура, па прави шминка, нокти, на масажа и потоа на мене ми вели ти ич не се пазиш ќе ме заразиш, вели низ смеа актерот Коцев.

– Бев сега скоро во Љубљана снимавме филм. И договоривме да се видиме со поранешниот кошаркар Влатко Илиевски. Ме покани да гледаме кошарка во клубот каде што тој беше претседател Илирија.

– И ми вели ајде нема никој да има таму ќе одиме ќе погледамем малку. Отидовме и за Илирија гледам игра Лука Дончиќ. Го прашувам Влатче сериозно тој ли е?

– Тој ми вели биди тивок, никој не знае дека игра ќе го избркаат од Далас. Тој играше формално па неговиот клуб имаше негатива минус 17.

– Ги засука ракавите и им покажа на Олимпија кој е кој и кој игра во НБА. Ќерка ми кога одам да ја земам од градинка, ми се обраќа со ,,Сашко Коцеввв”

– Сите си ги викаат ,,мамичко, татичко” а оваа мојта за инает на мене на цел глас се го изговара моето име, вели нашиот комичар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.