Самохраната мајка Македонка живее без вода и струја, голема желба и е да му овозможи на синот да го заврши факлутетот

  • By klaster2
  • февруари 27, 2022
  • 0
  • 703 Views

Македонка од Прилеп цел живот е самохрана мајка и социјален случај. Нејзиното дете иако учи факлутет, нема финансии и не знае како понатаму.

Македонка Ѓорѓева има 52 години и речиси целиот живот го поминува во голема сиромаштија, го израснува синот Трајче, условите во кој живеат им се многу лоши.

Без вода и струја, без бојлер и бања, без фрижидер, ова семејство живее од социјална помош, ако купат храна, нема да има за сметките, а пак ако ги платат нив нема да има за храна.

Неколку месеци живееле без денар, а биле принудени и да просат. Трајче расте, сака да учи и да стане академски граѓанин и да и се оддолжи на мајка си.

За своето детства таа вели дека и било добро, родителите и овозможиле да заврши високо образование, да го прошета балканот и Европа, но погрешниот избор на партнер скапо ќе ја чини.

– Имав колку толку пристоен живот, завршив земјоделски факлутет. Потоа се омажив, и брако ни беше ,, дојди ми- ојди ми”

– Одев, доваѓав, таму кај него сакаа да ме претстават како лоша пред сопругот, имавме несолгасувања и потоа се разделивме.

– Сопругот го земаше социјалното и не ни даваше, а јас и синот немавме што да јадеме. Моментално не се добри релациите помеѓу синот и таткото.

– Работев по тутунските комбинати, но тоа беше на периоди, се ангажирав целосно и посветив кон синот, вели Македонка пред камерите на ,,Срце на дланка”

 

– Сакам да го изведам на прав пат детето да му овозможам добар живот. Јас порано сум посетувала многу места а сега ми е жал за синот.

– Најмногу ми е потребно вработување, пред се да си ги исплатам долговите кој се трупат од ден на ден. Да имам финансии за да му овозможам на Трајче да го заврши факлутетот.

– Земам социјално 6.000 денари, но што попрво со тие пари. Додека беше мајка ми беше полесно, но таа не е повеќе помеѓу живите.

– Еден период ни ја укинаа социјалната помош, па бевме приморани на разни начини да се снаоѓаме и позајмуваме, додава Ѓорѓева.

Постои можност да и ја земат куќата на Македонка бидејќи се наталожиле долгови од нејзината мајка, па така тие немаат мирна ноќ.

– Тешко ми паѓа што немам вода дома, и садовите ги миам со ладна вода. Немаме ниту фрижидер, храна не можеме да купиме за долго.

– Но во тоа што го нарекуваме бања, воопшто не е функционално, таму функционира само вц шолјата. Воопшто не ми е лесно. Извршители ми велат дека ќе ми влезат дома, како ли можат само на социјални случаи така…

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане исправено и да има за живот тоа може да го направите на телефонскиот број 076/879169.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.