Самохран татко на 3 дечиња од тетовско низ солзи: Ги исмеваат и што сме сиромашни и за мајка и што ги оставила

  • By admin
  • март 16, 2022
  • 0
  • 848 Views

Габриела Јаковска на својот профил на фејсбук сподели емотивна сторија со молба за помош во која вели:

Во тетовско село, во многу тешки услови, живее еден татко со свиоте три деца. Две девојчиња на возраст од 16 и 14 и едно синче од 12 години.

Имињата нема да ги објавам по молба на децата, се срамат. Кога бев таму едното девојче веќе спиеше, другите две деца само што доаѓаа од училиште.

За јадење имаа нешто скромно што како знаел и умеел зготвил нивниот татко. Овој човек е постар, веќе е во години, здравјето му е нарушено, а неодамна преживеал ин фаркт.

Сопругата не напушти, ме остави со децата, работам по село што и да ме викнат, откако останав без работа, а на овие години на никој не му требам да ме запосли.

Сакаат да излезат, сакаат да им дојдат другарчиња, сакаат да се облечат. А од каде? Немам излез, немам сила веќ.Низ солзи кажува нивниот татко.

Се решив еднаш да направам купатило, што можев купив, елементи прибрав но плочки никогаш не усепав. Ама тоа беше порано, еве имам уште ги чувам елементите ама, немам ни за сметки, мора да идат на школо.

Проголта кнедла и замолче. Како да е тој крив, а не е! Соба нивна немаат, тука во кујнава, тие спијат а јас кога е многу ладно дремнувам тука, на столов.

Другата соба не чини, зидовите се надувале, нема кревет, нема ништо, се што имаме е во оваа кујна. Се завртев, кујната по груба проценка беше 3х3 метри, 4 души.

Долу над ладниот бетон имаше исп окинати, којзнае колку стари мушами, еден кауч со некое старо ќебе и мала многу стара маса.

Мириса на мувла. Две нараснати девојчиња кои неможат да се радуваат како другите деца. Братчето кое се што му треба очекува од постарите сестрички а тие и самите се деца.

Тетко Габи, немој да не напишеш на Фајезбук со име, и така не исмеваат, и што сме сиромашни и за мама што не оставиле, сега пак ќе ни се смеат.Ми се обрати најстарото девојче седнато карши мене! -Е ова бол еше (другото што го слушнав е навистина жално и во најмала рака срамно, сосема ми е јасно зошто се срамат).

И тетко Габи знаеш највеќе шро би сакала? Да имаме во собата регал! Замислете, регал. Ама нема да ме ставиш со слика моја на Фејзбук нели?Нема! – Ветив во истата секунда.Нема девојче, доста ти е исмевање.

Приказната е многу пожална, но јас немам право да пишувам и да осу дувам некои кои само името “родител” го носеле, онака. Што гледале овие дечиња само нивните очи знаат.

И покрај тоа што немаат своја соба, оригинални патики и модерни телефони а камоли компјутер, тие одат на училиште и се одлични ученици.Апелирам до сите вас хумани луѓе, да му помогнеме на овој човек, да може да им создаде услови на овие деца.

Ве молам сите кои можете да помогнете, со материјал, плочки, гипс табли, ламинат, работна рака или да покриете финансиски некој од овие трошоци, да ми се јавите.

На излегување девојчето ме испрати, се свртев и само го видов погледот на нивниот 61 годишен татко, блед, ме пратеше со насолзени очи. И покрај солзите видов дека во тие очи има надеж, надеж дека постоите вие, хуманите луѓе.

Ве молам сите граѓани, кои можете да помогнеме на децава и нивниот татко, или за повеќе информации, да ми пишете или да се јавите на. Габи 078-223-095

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.