Решил да живее како тарзан: Престојува на дрво веќе 8 години и баш му е гајле за инфлацијата

  • By klaster3
  • април 2, 2022
  • 0
  • 431 Views

Додека инфлацијата секојдневно расте и граѓаните стравуваат како ќе живеат, овој човек одлучил да не се гри жи и деновите да ги минува на поинаков начин.

Сите се плашиме дали ќе имаме пари за кафе или бурек, но ова момче е навикнато и без тоа.

Фарман Али, 28-годишен маж познат и како „Тарзан“ од Карачи, живее во куќа на дрво во последните осум години.

– Поради зголемената инфлација принуден бев да си направам куќа на бамбусово дрво.

Али поради финансиските услови поминува денови и ноќи во оваа импровизирана куќа на дрво. Сепак, не му недостасуваат модерни технологии.

Успеал да постави мијалник и светилка на батерии, како и полнач за телефон.

– Живеам од чистење на автомобили. Метам и пред пред куќите. Во близина има продавница, па ако некој треба да купи намирници, јас им ги носам.

За возврат ми даваат ладна вода и храна. Така живеам – вели Али.

Некои пријатели и роднини му се потсмевале дека живее на дрво. Им рекол да тропа на сите врати, но луѓето не сакале да го примат поради сиромаштијата.

Неговите родители по чинале, но Фарман има браќа и сестри.

Сепак, тешко им е да му помогнат затоа што самите си имаат фамилии и си ги одгледуваат децата.

Али смета дека не би било добро да се пресели да живее со нив за да не им биде на терет, пренесува Телеграф.рс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.