Ребека: Синко, мама кога ќе ја нема еден ден нема да можеш ни да купиш нешто за јадење

  • By admin
  • декември 1, 2021
  • 0
  • 1016 Views

Ребека Јанковска-Ристески е позната македонска пејачка. Љубовта кон музиката ја има почувствувано многу рано, благодарение на нејзиниот татко Благоја.

Првиот посериозен исчекор на музичката сцена го прави во 1989 година, кога со составот Ребека ја снима песната “Недопирлив”. Групата постоела околу една година.

Ребека е омажена со докторот Мики Јанковски со кого имаат три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година

Таа е првата македонска пејачка која сними високобуџетен видео спот, и со тоа ги помести границите во поп-музиката кај нас. Од нејзиниот прв хит „Обиди се“, до последниот албум „Мириса на сон“, Ребека Јанковска-Ристески вели дека многу се променила и поинаку гледа на животните вредности.

Најзаслужен за тоа е нејзиниот најстар син Маркијан , кој неа и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески, ги научил дека љубовта кон своето дете може и планини да помести. Од 2013 година, нивниот дом е повесел и побогат за уште два члена, близнаците Макариј и Доротеј.

Маркијан ги сака претставите, особено театарските и балетот. Голем дел од другарчињата во училиште го обожаваат и пресреќен е кога е со нив, кажа Ревека во едно неодамнешно интервју.

Ребека Јанковска Ристески се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус со илустрација во кој што вели:

Види синко, мама е тука,но кога ќе остаре мама и кога ќе ја нема еден ден во ова општество сам нема да можеш можеби ни да купиш нешто за јадење, а камо ли да се заштитиш од сиот тој свет на кој не му е грижа за лицата со попреченост

Освен со Божја волја ако се случи некое чудо П.С. Без солзи ве молам!Отприлика вакви се мислите на родителите на лицата со попреченост.Ако имате барем малку со чувство за овие лица секој еден од вас нека направи она што е во негова моќ и нека не врти глава. Лицата со поп реченост тоа го заслужуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.