Продолжуа неизвесноста за малиот Бојан од Волково: И покрај најавите и понатаму спие во подрум

  • By admin
  • декември 23, 2021
  • 0
  • 537 Views

Пред извесен период сторијата за Бранко Цветковски од скопско Волково кој е самохран татко на седумнаесетгодишно дете со посбени потреби ја брануваше јавноста.

Како што веќе е познато, најпрво останал бес својата жена а потоа и без работа, а сега и без својот дом, кој бил опожарен пред два месеци, а сега е под отворено небо со своето дете.

Овој човек животот не го милувал воопшто, му задал многу уд ари. Се оженил пред 20 години а за жена му вели дека таква повеќе не би се родила.

Сега е препуштен заедно со својот син Бојан на ми зерен живот во голема сиромаштија и без покрив над главата.

– Овде живеам долги години, живеев со жена која повторно не би се родила, се викаше Латинка, ја изгубивме неа а тоа беше голем пресек за мене и за детето.

– Бојан е седмомесече, тој се разбира но неможе да зборува оди во училиште за деца со посебни потреби. Го носам и го чекам таму бидејќи е далеку.

– Имавме некој работи, но по тоа што не снајде останавме буквално без ништо, домот се претвори во остатоци на кој само ќе се сеќаваме, вели Бранко.

– Јас бев во улилиштето со детето, се вратив овде беа сите служби и имав што да видам, се се срамни со земја, а од тогаш никаква помош.

Властите потоа го посетија и им ветија помош, но засега ништо од тоа. Денес Сител ТВ повторно ги посети и емитуваше прилог.

Бојан е сè за што Бранко живее, но за да му овозможи пристоен живот потребна му е работа. Единствени приходи се 7.500 денари помош, која му следува на малолетниот Бојан.

Од Општина Ѓорче Петров ветиле финансиска помош и привремено сместување на детето во интернатот во средното училиште, каде што учи.

Но, Бранко вели дека сè уште не добил помош за обнова на домот, а Бојан не можел да седи во интернатот бидејќи не исполнувале еден од условите.

„Во интернатот би имал каде да се бања, што да јаде, но не можел затоа што требало да биде одалечен најмалку 30 километри од местото на живеење. На пример да биде од Велес, од Тетово“ изјави за Сител Тв.

Бранко е благодарен за секоја помош и се надева дека ќе успее да изгради барем една соба каде со синот ќе спијат на топло за време на овие зимски ноќи со минусни температури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.