До темел им ојде буквално се што имаа и се што печалеле во изминативе 30 години. Сега немаат ништо.
Пожарот кој се случи пред неколку дена ги остави на улица 5 членото семејство Амедоски од Прилеп, меѓу кои е и бебе старо само 15 дена.
Северџан Амедоски низ солзи го раскажува страшниот настан. Кога се случил пожарот за среќа никој немало дома, а случајот во пожарна го пријавиле соседите. Сега се сместени кај нивни пријатели и роднини.
„Имаме мало бебенце, старо само 2 недели, сега сме расштркани, јас моментално сум сместен кај братучед ми, постариот син кај неговиот дедо, само до кога ќе седиме вака, неможе за постојано, останавме без покрив, штетата е непроценлива, ми изгоре се што печалев цел живот“, вели Северџан Амедоски, сопственик на куќата.
Од целото семејство вработен е само Северџан. Но вели дека со една плата нема да може да преживеат, а не пак да го обноват домот, низ солзи и плач моли за помош од државата, добронамерни луѓе и компании.
Вели дека после пожарот ниту една институција не го посетила да го праша дали му треба нешто.
„Незнам како понатаму, оставам се во рацете на добронамернии луѓе и институциите. Повикувам секој кој сака да помогне колку може, дали финансиски, дали на друг начин, бидејќи цела покуќнина, се што имав ми изгоре.
Ии облеката сега што ја носам не е моја, на братучед ми е. Немаме ништо. Синот не е во работен однос, другиот има 12 години, треба да учи, бебето е само 15 дена старо, што ќе се правии не знам. Доаѓа зима, барем да се снајдеме за покрив над главата“, рече Амедоски.
Доколку некој сака да му помогне на семејството Амедоски тоа може да го направи со донација на жиро сметката: 290500020341702 – ТТК БАНКА, или да ги исконтактира на тел. 071-342-699.
Целата сторија со видео прилог може да ја погледнете на Сител ТВ.